Ова е вашето главно правило: бидете едноставни во сите ваши мисли, чувства, зборови, однесување и вашите односи со луѓето. Да се биде едноставен, значи да не се дозволи на било кој начин извештаченост и да се однесуваме пред луѓето како пред Бога.
– Архиепископ Серафим од Богучарск
Најдобро наследство кое родителите можат да им го дадат на своите деца е нивната духовна посветеност.
– Свети Паисиј Светогорец
Кога таги ги потресуваат нашите души, нашето срце трепери и нашите мисли се збунети, нашето единствено засолниште е Господ.
– Свети Никон Оптински
Превод: Дамјан Божиновски