Апелациониот суд во Атина, согласно заклучоците на судијата Василики Крина за отсуството на извршени престапи го прекрати судебниот процес против сите обвинети во делото на размена на сопственост меѓу државата и манастирот Ватопед, соопштува Агионорос.
Собраниот народ ја пресретна одлуката на судот со аплаузи и возгласи „Аксиос“ и „Христос Воскресе!“
Адвокатот Михалис Димитракопулос оправдувањето на приговорот го нарече „историска одлука“ и потенцираше, дека „Ватопедскиот манастир ќе го продолжи своето духовно, културно и добротворно служење, кое го прави повеќе од 10 векови“.
Архимандритот Ефрем му заблагодари на „Господа и на Богородица за благопријатниот крај на делото“.
Во изјавата на „сојузот на грчкото духовенство“ се вели дека „ослободителната пресуда ја покажала невозможноста темнината да завладее над правдата, зашто светлината секогаш го расејува мракот“.
Митрополитот Вресфениски Теоклит потцрта, дека оправдувањето на архимандритот Ефрем сведочи за тоа, дека т.н. „ватопедски скандал“, со кого политичарите осум години му го переа мозокот на грчкиот народ, сакајќи да го свртат против Црквата, се покажа хартиена градба на песок“.
23 март, 2017 година