На 19.03.2017 г., во Третата недела од Великиот пост посветена на Чесниот и Животворен Крст Господов – Крстопоклона Недела, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Архангел Михаил, во Довлеџик.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Некој може да биде многу учен, да има академски дипломи, а да остане крајно неук за патот на спасението. Кога некој има свет и безгрешен живот, интелектуалното знаење може да даде чудесни плодови. Наспроти тоа, знаењето без љубов, не може да го спаси човекот!
Старец Софрониј Сахаров