Изложба на портрети и промоција на монографијата „Светиот кнез Јован Владимир“ во Ресен

На 17.03.2017 г., во организација на Општина Ресен и Домот на Културата „Драги Тозија“, во просториите на ресенскиот Сарај, беше одржана изложба „Портретите на Свети Јован Владимир на Балканот, од XVII-XIX век“ и промоција на монографијата „Светиот кнез Владимир“.

На промоцијата присуствуваше и воведно слово одржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој посебно ја нагласи улогата на Светиот кнез Јован Владимир во будењето и разгорувањето на православната свест кај Балканските народи, како и одговорноста која што треба да се роди кај истите, во осветлувањето на неговиот лик и дело.

Изложбата, која во декември беше поставена во изложбениот салон на МАНУ, ја претстави проф. д-р, Сашо Цветковски, а за монографијата говореа академик Сретен Перовиќ и Милорад Алексиќ од Црна Гора.

На настанот настапи и хорот „Св. Ахил Преспански“ со интерпретација на црковна византиска музика, а се читаа и фрагменти од стихозбирката „Така љубеше Косара“ од Лидија Дочовска Павловска.

Отворањето на изложбата и промоцијата на монографијата се продолжение на воспоставената соработка од областа на културата која општина Ресен ја заснова со општина Бар од Црна Гора и општината Елбасан од Албанија.

DSC_4412 P1390792 P1390812 P1390822

P1390855

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

photo: Dejan Krstevski
Focus production 

Извор: Курир.мк