Акатист кон Пресвета Богородица – Трета Статија

На 17.03.2017 г., во третиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на духовенството од храмот Пресвета Богородица во Битола, ја отслужи Третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. 

received_10202802794587986 received_10202802794667988

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

ИКОС 7

Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да ѝ воспееме повикувајќи: Икос 7 Радувај се, цвету на нетлението. Радувај се, венецу на воздржанието. Радувај се, образот на воскресението го заблеска. Радувај се, ангелскиот живот го објави. Радувај се, дрво благоплодно од коешто верните се хранат. Радувај се, дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат. Радувај се, Ти Која во утробата Го носеше Избавителот на пленетите. Радувај се, Ти Која Го роди Исправителот на заблудените. Радувај се, на Судијата праведен умоление. Радувај се, на многуте согрешенија простување. Радувај се, на бедните ризо на дерзновение. Радувај се, љубов што го победува секое желание. Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 8

Кондак 8 Откако го видовме надумното раѓање да отстапиме од светот и умот свој кон небесата да го воздигнеме. Зашто затоа великиот Бог на земјата како смирен Човек се јави, сакајќи кон висините да ги привлече оние што Му пеат: Алилуја!

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/akatistot-niz-freski-13-18-stanci/ .

Известува: Кирил Чороловски