На 12.03.2017 г., во Втората недела од Великиот Пост посветена на Светиот Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Георгиј Победоносец во Ресен.
Пред Литургијата, во беше ракопроизведен во чин чтец Сашо Кашовски, псалт во црковниот хор „Св. Ахил Преспански“.
На Литургијата, за неуморното залагање како старешина на храмот Св. Георгиј и работењето на нивата Господова, со протопрезвитерски чин беше нагреден јерејот Михаил Матвеев.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.