На 11.09.2014 г, на денот на отсекувањето на главата на св. Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на св. Јован Крстител во Слепче.
„Вие, пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели, кон соборот и Црквата на првородените, кои се напишани на небесата, и кон Бог, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство, и кон Исус, Посредникот на Новиот Завет.“ (Евреите 12, 22-24)
Гледате ли какво е тоа друштво? А душата тагува и плаче: „Јас сум сирота“. Затоа, би требало да ја прекориме… Не заборавај, не заборавај… Тагата и потекнува токму од таму што душата заборавила и затоа што од срцето отстапило чувството на заедница. Во сличните моменти треба да го оживуваме сеќавањето на духовниот свет и да го поттикнуваме срцето на тоа чувство. Не ни успева? Тогаш појдете во црквата Божја… А ни тоа не успева? Тогаш, трпете, повикувајќи кон Бог да му помогне на срцето и притоа не се препуштајте на разонода. Имено, се случува некој кога тагува да си рече: „Ќе појдам малку да се разонодам…“ Но, ако го направиш тоа само еднаш, тогаш секој ден ќе ти биде тажен и секој ден ќе наоѓаш повод за разонода. Така доаѓа и до непрестајна разонода. Каква разулавеност! Ќе остане само сеќавање – овој пат е досаден, тежок и осаменички.
Еве, во следното писмо веќе сте подобро и се вративте во својот ред и поредок, и го пронајдовте Божјото друштво… И топло е и пријатно… Така е тоа. Само не размислувајте за себе, туку предадете се на Господ. Тој нека ги процени нашите степени и нека ја одреди вредноста на нашите чувства. А еве каква е нашата мерка: кога ќе осетиме дека сме сосема нечисти и дека спасението ни доаѓа само од милоста Божја, тогаш тоа е добро. Штом ќе почнеме да присвојуваме за себе макар и најмалечок дел на праведноста, тогаш тоа е лошо. И што поскоро треба да влеземе во непомирлива војна со самиот себе.
Свети Теофан Затворник
[nggallery id=54]