Бидејќи Бог се грижел за тебе уште пред ти да постоиш, како ли Тој може да не успее да се грижи за тебе сега, за ти да бидеш она што Тој сака да бидеш? Ти си сега верник; ти веќе го одиш патот на праведноста. Дали Тој нема да се грижи за тебе, Оној Кој прави Неговото сонце да изгрее над добрите и злите луѓе и го праќа својот дожд на праведните и неправедните исто така? Сега кога си праведен преку животот во верата, ќе те одбие ли Он, ќе те напушти ли, ќе те избрка ли? Се разбира дека не. Во твојот сегашен живот Тој ќе те негува и ќе ти помага, и ќе ти обезбедува сè што ти треба, а ќе го тргне сè она што може да ти наштети. Со тоа што Тој ти ги дава сите овие нешта, Тој те утешува за да можеш да се одржиш, и со тоа што Тој ги одзема, те корегира за да не загинеш. Господ те има во Негова грижа, затоа не се грижи.
Блажени Августин Ипониски
Превод: Дамјан Божиновски