На 05.03.2017 г., во Првата недела од Великиот пост, кога ја празнуваме победата над иконоборството и утврдувањето на Православната вера, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Литургијата, беше направена свечена Литија со Чесните Образи, носени од младенците, пред кои верниците заедно со свештенството се поклонија и го испросија Божјиот благослов.