На 03.03.2017 г., во првиот Петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заедно со свештенството од храмот Пресвета Богородица во Битола, отслужи Повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
Кондак, 8 глас
Храбра наша Војвотко, победоносна, ние слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице. Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не. Да Ти повикуваме: Радувај се Невесто, Неневестна!