Песна 1
Ирмос: Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам – Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
[2Мојс. 15, 1-2]
Припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме.
Агнецу Божји, Ти, Кој гревовите сечии на Себе ги земаш, зами го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление.
[Јн. 1,19: И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си Ти?”]
Кон Тебе припаѓам, Исусе, Ти согрешив, очисти ме. Земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление.
Не чини суд со мене, објавувајќи ги делата мои, испитувајќи ги зборовите мои и тежината на стремежите мои, но во милосрдието Твое, Сесилен, презирајќи ги страшните мои согрешенија, спаси ме.
Во времето на покајание, кон Тебе притекнувам, Создателу мој, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление.
Богатството на душата во гревови трошејќи го, Спасе, испустен сум од секоја благочестива добродетел, затоа повикувам прегладнет: “Дарителу на милоста, Господи, спаси ме!”
Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас.
Приклонувајќи се кон Христовите Божествени заповеди, кон Него си пристапила, оставајќи ги желбите на невоздржаноста страсна и секоја добродетел, благоговејно, како една си ја извршила.
Слава:троичен: Надсуштествена Троице, на Која како на Единица и се поклонуваме, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрдна дај ми солзи на умиление.
И сега:Богородичен: Богородице, надеж и претстателство на оние кои Те воспеваат, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Чиста Владичица, прими ме мене кој се каам.
(од Великиот канон на св. Андреј Критски: Четврток)