На 27.02.2017 г., во храмот Пресвета Богородица во Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Големо повечерие со Канонот на Св. Андреј Критски.
Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото (…) Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил, за злото што ти го направил, за долгот што ти го должи. Инаку, не јадеш месо, но го јадеш братот свој. Не пиеш, но унижуваш друг човек. (…) Оној кој сака вистински да пости, нека ја одбегнува секоја страст.
Свети Василиј Велики