На 26.02.2017 г. Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во соборниот храм Св. Димитриј, во Битола. После Вечерната, беше извршен чинот на простување, на кој свештенството и верниот народ побараа прошка едни од други, и испросија благослов за претстојниот Велигденски пост.
Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди…Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто? Затоа што, заситеноста од јадењата е пречка за очистителната жал и тага по Бог и смирението на срцето, коишто несклоноста за покајание ја преобратуваат во спасоносно покајание. Ограничувањата во храната и сонот, како и воздржувањето на сетилата, го смируваат срцето и го тераат да жали за гревовите.
Свети Григориј Палама