Старец Порфириј Кавсокаливит и неговиот „телевизор“ – I дел

Говорејќи за духовните дарови на старец Порфириј, втор почитуван грчки старец, за неговиот дар на прозорливост, преподобен Пајсиј Светогорец велел: „Тој има телевизор во боја, а јас само црно-бел“

Бог постои

Извесно време, со отецот во манастирот живеел еден професор по теологија. Тој бил многу помлад од отец Порфириј и бил негово духовно чедо. Еднаш професорот му предложил да поразговараат за постоењето на Бога. Разгледувајќи ја таа тема од сите возможни гледишта, професорот и отецот дошле до заклучок, дека Бог постои. Сепак малдиот професор се обратил кон старецот со молба. Кога тој ќе умре, да дојде кај професорот и да му раскаже, дали Бог постои. Како одговор на тоа отецот го прашал, зошто професорот мисли, дека прв ќе умре имено тој? На тоа младиот човек одговорил, дека отецот е постар од него два пати, и затоа природно е да умре тој кој е постар. Но, отец Порфириј според дарот на благодатта Божја знаел, дека професорот порано ќе умре, и тоа многу скоро. Но, за тоа отецот ништо не му говорел, но му ветил, дека ќе дојде после смртта и ќе му каже, дали Бог постои. Такво ветување на отецот му дал и професорот, во случај, ако тој порано умре.

После некое време професорот го напуштил манастирот и отишол в град. Не поминало ни една година, откако отецот и професорот се разделиле, еднаш, на еден од големите празници, кога отец Порфириј  со браќата се подготвувале за празничната трпеза, во манастирот дошол човек од соседните села и им соопштил, дека професорот умрел. После некое време, по долгите молитви, отец Порфириј го исклучил светлото во својата келија и се обидел да заспие. Наеднаш во темнината се слушнал силен глас, проследен со неразбирлив шум. „Бог постои! Бог постои! Бог постои!“ – трипати повторувал гласот. Тоа бил гласот на професорот! Во страв отецот паднал на колена и почнал да се моли за неговата душа. И така сè до утрото. Можно ли е после ова да се сомневаме, дека „Бог постои“?!

Извор

Во едно планинско село немало вода. Неговите жители со обраќале до разни институции, плаќале пари, но сè било безуспешно. Сите во еден глас им говореле, дека во тој реон нема подземни води. Така, жителите од селото биле принудни да ја собираат дождовницата. И ете, еден човек, кој бил духовно чедо на старецот и знаел за неговата способност да пронаоѓа вода, го замолил за помош на тие бедни луѓе. Отецот веднаш одговорил, дека во селото има многу добра вода, и на карта го покажал местото, каде таа се наоѓа. После топли и упорни молби, отец Порфириј сам отишол на тоа место и точно покажал каде се наоѓа водата и на каква длабочина е. И навистина: кога почнале да ја бараат, токму на тоа место и на таа длабочина нашле вода, која била многу чиста!

Тогаш, сите жители од селото почнале да го нарекуваат старецот свет човек и пророк. Сите сакале да се допрат до него, да ги целиваат неговите раце, нозе, да му укажат почит, и секако настојувале да го земат кај себе дома. Но бидејќи тие доаѓаа и му се поклонуваа пред нозете, почитувајќи го за свет човек, отецот многу се растроил и ги замолил брзо да најдат начин да го однесат од селото. Така и се случило, во тоа време тргнувал автобус за Атина.

Отец Порфириј го голем труд се одделил од прегратките на жителите и седнал во автобусот; иако народот се обидувал да го задржи него, тој сепак заминал. И ете, после толку воодушевувања и поклонувања, старецот го чекало големо искушение. Кондуктерот на автобусот, човек неверник, почнал да говори разни глупости, предизвикувајќи смеа кај неверните патници и негодување кај верниците. На тој начин, патниците на автобусот се поделиле на два групи: едни за старецот, а други – против. Шум и караници им се заканувале, ако преминат во расправии. Кондуктерот продолжил да ги подгрева страстите. Старецот бил многу растроен и се обидувал да не зема учество во караницата. Кога автобусот застанал, за патниците малку да одморат, отецот отишол кај кондуктерот и му рекол: „Јас, можеби, и не умеам да наоѓам вода, но знам, дека ти страдаш од сифилис. Биди внимателен, не стапувај во брак, бидејќи можеш да ги заразиш и жената и децата. Продолжи со лечење, ќе се излечиш, а потоа и ќе се ожениш“. Кондуктерот просто онемел, слушајќи ги зборовите на отецот, и од тој момент цело време по патот молчел, како јазикот да си го проголтал. Патниците исто така замолкнале.

Смртта на мајка му

Во атинската поликлиника, веќе неколку дена лежела болната мајка на отец Порфириј. Лекарите му говореле, дека таа ќе оздрави, но отецот според дарот на благодатта Божја, предвидел, дека таа жива нема да излезе од болница. Еднаш, отишол да ја посети својата болна мајка братот на отецот Антониј (тој умре една година порано од старец Порфириј). Кога ги прашал лекарите, какво е здравјето на неговата мајка, тие одговориле: „Одлично! Утре таа ќе излезе од болница, а вечерва ние ќе ја спремиме отпустната листа.“ Антониј, кој отец Порфириј многу го сакаше, си отиде дома спокоен. Ненадејно заѕвонил телефонот. Тоа бил отецот. Тој му рекол на Антониј, брзо да се врати во болницата, инаку неговата мајка ќе умре, и тие нема да успеат да земат благослов. На тоа, братот му одговорил, дека тој само што се вратил од болница, и лекарите му кажале, дека утре неговата мајка ќе биде дома. Но отец Порфириј настојувал на своето. И навистина, само што стигнале во болницата, мајка им едвај успеала да ги благослови. Господ ја повикал кај себе, а дарот на прозорливост се покажал точен и овој случај.

Превод: Игор Ризановски

(ПРОДОЛЖУВА)