„А, тој верник е. Што можеме да научиме од него?“ Архимандрит Андреј Конанос

Со текот на годините јас почнав да сфаќам, дека лоши луѓе не постојат. Просто некои немале среќа да сретнат на својот пат такви примери, кои навистина би допреле до нивното срце. Затоа тие и не го нашле вистинскиот Бог, Кој би ги привлекол кон Себе.

 Архимандрит Андреј (Конанос) – за тоа, што да правиме ако сакаме да бидеме строги, каде најмногу од сè се манифестира убавината на душата и како се случуваат најубавите примери во срцата на луѓето.

Господ никому со прст не му се заканува

Со текот на годините јас разбрав, дека лоши луѓе не постојат. Просто некои немале среќа да сретнат на својот пат такви примери, кои навистина би допреле до нивното срце. Затоа тие и не го нашле вистинскиот Бог, Кој би ги привлекол кон Себе. Да Господ ги привлекува луѓето кон Себе. Зошто ние одиме кај еден или кај друг срарец? Или одиме кај еден и ист духовник? Посетуваме еден и ист манастир? Затоа што на нашата душа таму ѝ е добро. Кога човекот гледа нешто вистинско, тој од тоа не се откажува.  А кога пред тебе стои лага, која се прикрива со Божјото Име, настапува разочарување и сакаме да избегаме од тоа што подалеку.

Тоа е апсолутна вистина.

И јас разбрав, дека сите луѓе – се многу добри. А оние, кои ги сметаме за грешни и злобни, тие всушност се само збунети, залутале во погрешна насока.

И свети Порфириј постојано зборуваше за тоа – дека современите луѓе воопшто не се лоши, туку дека се заблудени.

Ако човекот го види Бога во срцето на свештеникот, неговата душа ќе се отвори за Господа, и он ќе отиде кај тој свештеник, и ќе ги раскаже сите свои проблеми, и никаде нема да замине, туку напротив, ќе се приврзе кон него.

Но, од друга страна, ако човекот види, дека тој постојано со прст му се заканува, го предупредува и се гневи, он ќе помисли: „Не, тука го нема Бога!“ Затоа што Господ никому со прст не му се заканувал, и за разлика од нас, никогаш не изоблучувал. Изобличување од него слушале само фарисеите. А грешниците он ги придобивал со прегратка и им велел: „Дојдете кај Мене. Јас ве разбирам“. Христос не само што не ги отфрлал грешниците, туку обратно – одел кај нив, јадел со нив. Ете каков е Он – Бог на љубовта. Господ Самиот доаѓа за да се сретне со човечките страдања и немоќи.

Да бидеме строги во однос кон себеси

Еднаш, една девојка дојде кај мене во црква со шминка и кармин. Секако, таа се плашеше, дека за тоа ќе почнам да ја укорувам, и рече:

  • Оче, извинете, јас немав време после работа да отидам дома и да се облечам попристојно.

Девојката јавно беше загрижена и се плашеше од мојата реакција. Јас ѝ одговорив:

  • Ништо страшно, тоа е твој живот. Ти така живееш.
  • Благодарам, оче! Вие воопшто не ме укоривте, и веднаш ми стана полесно, се смирив.!

Што очекуваат луѓето од нас? Да ги прифаќаме нив такви, какви што навистина се. Имено тоа и Господ го правел.  А постапуваме ли ние така со своите блиски – мажи, жени…?

Имено тоа ќе биде вистински доказ, дека нашето срце допрело до Господа, Тој Самиот Исус Христос, кој одел по Ерусалим во 33 година по Р.Х.

А ако ние сме – религиозни фанатици, остри и категорични, тоа значи, дека во нашиот духовен живот се случува нешто, што не е тоа. Сакаме да бидеме строги? Да бидеме строги во однос на себеси. Сакаме да постиме? Ајде да постиме колку што е можно построго.

Кога разговараме со ближните, да си спомнеме за благородноста Христова. Сакаш да јадеш месо во пост? Ти имаш свои односи со Бога, сам види. Јас постам. Ако мојот пример те вдахновува тебе да постиш, тогаш пости и ти. А ако сметаш дека сеуште е рано да постиш, знај: јас те сакам и без да постиш. И нема со мрачен и остар поглед, гледајќи во твојата чинија, да те советувам, за ти да се почувствуваш виновен и да те опфатат внатрешни маки. Јас со почит те прифаќам таков, каков што си, и сакам да се измениш – но тогаш, кога ќе дојде твоето време.

hristos

  • Оче, јас многу пушам!
  • Оче, јас употребувам дрога…
  • Јас пијам и развратничам!

Зошто луѓето сето тоа го кажуваат на исповедта? Бидејќи ги признаваат своите грешки. Но, невозможно е да се измените за една ноќ. Тоа се случува постепено. И е многу важно, до тебе да биде некој, кој ќе ти напоменува за Христа, Кој нè љуби сите нас такви, какви што сме. И пополека, чекор по чекор, човекот се менува. Имено така се случуваат сите неверојатни промени, без принуда и фанатички упатства. Така со тебе говори Христос, Кој живее во срцето. А другиот „Христос“ – „богот на строгоста“ – учи сосема поинаку:

  • Или ти сега ќе го промениш својот живот, или Јас ќе те укорувам! Или ќе станеш друг човек, или замини си! Не сакам да се занимавам со тебе, ако си таков! Надвор од куќата!

Не, не нè учи нас така Бог на љубовта. Нашиот Гостод со никого така не разговара.

Еве во што е разликата:

„Господи, при кого уште треба да отидеме? – повторуваме ние следејќи го апостолот Петар. Ти толку многу добро зборуваш со нас. И не само што зборуваш – ние во Тебе чувствуваме огромна сила. Кој уште ни е потребен? Зарем ние ќе најдеме некој подобар од Тебе?“ Но, Господ ни одговара нам, како што им одговорилл на своите ученици: „Вие – сте слободни луѓе. Јас сакам да бидете со Мене, само ако вие сакате да Ме љубите Мене“.

Колку е восхитувачка и прекрасна таа слобода! Самиот да бидеш слободен и да му даваш слобода и на другиот, не принудувајќи го никого на ништо, без разлика колку добро може да изгледа тоа „нешто“.

Само на таков начин можете да го научиме детето да се моли и да пости – не принудувајќи и не притиснувајќи го. Во спротивен случај, тоа уште пред да наполни осумнаесет години, ќе си замине од црквата, треснувајќи ја вратата. Знаете, колку млади луѓе денес не сакаат да создадат семејство, токму поради таа причина? Тие се толку разочарани од тоа што го виделе во родителскиот дом, и велат: „Не, кај мене така нема да биде!“

Секојдневна сметка

Сè останато – се убави зборови и теоретски расудувања за христијанскиот живот. А вистински важно е само тоа, што се случува во нашето семејство, како ние се однесуваме кон своите блиски. Сметка полагаме не тука, во храмот, каде очигледно сè е благонаклонето и добро. Сметка полагаме за нашиот секојдневен живот – дома, на работа, во парохијата или во канцеларија. Имено тука нашите квалитети се појавуваат во полна сила. Тука е тешко да ја откриеме убавината на нашата душа, затоа е потребно да се обидуваме тоа да го правиме. На големо растојание е лесно да играме улога на вистински христијанин. Како ние се однесуваме со жената, мажот, децата секој ден – ете тука се случува вистинската борба, која истовремено е и прекрасна и тешка.

Вистинскиот Христос – е Оној, Кој ни помага да живееме тука и сега.

Господ го прифаќа нашиот живот. Он не ни зборувал да се одречеме од светот. Он ни говореше да се одречеме од злото, кое постои во овој свет. Бог ги прифаќа нашите земни радости, и убавината, и природата, и насладата – сè прифаќа, што е добро и чисто. Зошто така мислам? А сетете се, како во Евангелието Господ постојано им говори на учениците: „Погледнете ги птиците, погледнете го морето, небото, природата… Погледнете, така вие полесно ќе ја познаете Вистината“. Он одел со учениците по бреговите на Галилејското езеро, ги учел покрај водата. Односно, Неговото учење, индиректно ја потврдувало убавината на земниот живот.

Една жена отишла кај старец Порфириј во состојба на меланхолија и депресија. И тој ја посоветувал, да шета заедно со нејзиниот маж покрај на морето, слушајќи го шумот на брановите. А на друга жена, во слична состојба, ѝ рекол: „Ако можеш, отиди во природа, соблечи ги обувките и пооди боса“.

Господ проповедал во природа, покрај прекрасните пејсажи и прекрасните луѓе, кои Самиот ги создал. Нашиот Бог е – прекрасен и добар, кој го љуби животот и насмевката.

Тој е верник, што можеме од него да научиме?

Не можам да разберам, како е можно да бидеш христијанин и притоа да не се радуваш, така што сите те сметаат за чуден и ги асоцираш на нешто лошо. „А, тој верник е, што ќе научиш од него!“ Како демек да се биде верник – означува постојано да си намрштен, да имаш лош карактер и никогаш да не се смееш. Какво лицемерие! Нашиот Господ Исус Христос на бил таков. Ако внимателно го читаме Евангелието, ќе видиме, колку прекрасна била неговата душа. И ќе разбереме, дека Он дојде на земјата за да ни даде радост, почитувајќи ги притоа сите наши потреби, дури и тие кои се незначителни.

Он секого го прашуваше: „Што сакаш ти?“ Закхеј рекол: „Сакам да те видам Тебе, Господи!“ – „Погледни на Мене“, – одговорил Господ, и Закхеј се качи на дрвото. А стотникот го молел: „Сакам да дојдеш кај мене и да го излекуваш мојот слуга“. „А јас сакам да се допрам до твојата облека“, говорела крвоточивата жена. „А ти што сакаш?“ – „Сакам да слушнам од Тебе барем еден збор, за да се излекува мојата ќерка“. Со секого Господ бил Таков, Каков што бил потребен, имено на тој човек, земајќи ги во предвид неговиот карактер и начин на живот. И притоа, кон сите се однесувал со почит.

Ако ние го разбереме ова,  тогаш ќе веруваме дека секој од нас е – неповторлив, и Господ нè љуби сите нас такви, какви што сме.

Извор: http://www.pravmir.ru/a-nu-on-veruyushhiy-chto-s-nego-vzyat1/

 

Превод: Игор Ризановски