Да не бараме задоволство или виденија. Ние сме грешници недостојни за духовни задоволства или виденија, непогодни за нив, на сметка на нашата разнебитеност. Со внимателна молитва, да се потрудиме да го свртиме погледот од нашиот ум во себеси за да можеме да спознаеме што има во нас, нашата грешност. Кога ќе ја спознаеме, да стоиме умствено пред Господ Исус Христос во друштвото на лепрозните, слепите, глувите, сакатите, парализираните, опседнатите; и да го започнеме нашиот плач на молитва пред Него од сиромаштијата на нашиот дух и со скрушено срце, со тага за нашата грешност. Нека овој плач биде бесконечно изобилен. Нека сето многусловие и различни зборови се најдат несоодветни да се изразиме. Нека оваа молитва биде бесконечно изобилна и постојана; нека биде облечена во кратката, но значајна молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене, грешниот. Амин.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Превод: Дамјан Божиновски