На 19.01. 2017 г., кога го празнуваме Крштевањето на Господ наш Исус Христос и јавувањето на Светата Троица на реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Димитриј во Битола.
После Литургијата, Владиката го спушти Крстот во осветените води, а прв го извлече 16 годишното момче од Битола, Виктор Манговски:
– Се пријавив да учествувам на големиот христијански настан со единствена цел за момент да бидам во светите води и да добијам благослов. Не очекував дека ќе го фатам Светиот крст, но успеав и тоа прв пат ми се случува. Радосен сум и верувам дека годината ќе ми биде среќна, истакна 16-годишниот битолчанец Виктор Манговски.
Тропар, глас 1
Кога во Јордан се крштеваше Господи, се покажа Троично поклонение:оти, Родителскиот глас Те сведочеше Тебе, возљубен Син именувајќи Те,и Духот во вид на гулаб известуваше потврдување на зборовите.Тебе Кој се јави Христе Боже и светот го просвети, слава Ти.
Бог се јави!
Навистина се јави!