Најпрвин, ти посакувам да сакаш – Виктор Иго

Најпрвин ти посакувам да сакаш,
и сакајќи, исто да бидеш сакан.
И ако не е така – брзо да заборавиш
и откако ќе заборавиш – да не таиш омраза.

Ти посакуваш да имаш пријатели,
вклучувајќи и лоши и непоследователно,
но да има и еден, на кого ќе се довериш
без да се сомневаш.

И бидејќи животот е таков –
ти посакувам да имаш и непријатели –
ни многу – ни малку – токму на средина,
за да можеш понекогаш да ја ставиш под сомнеж
сопствената увереност.
И меѓу нив, нека има барем еден,
кој ќе е во право,
за да не се чувствуваш доволно сигурен.

Ти посакувам да си полезен, дури незаменлив.
и во лошите моменти, кога не останува ништо друго,
таа твоја полезност да е доволна,
за да се задржиш прав.

 

Ти посакувам исто да бидеш толерантен,
не со оние, кои ретко грешат – тоа е лесно,
но со оние, кои многу грешат,
и непоправливо,
и користејќи ја таа трпеливост,
да бидеш пример за другите.

 

Ти посакувам да не созреваш брзо,
и кога веќе си созреал,
да не бараш да се подмладуваш,
и бидејќи веќе стар
да не се посветуваш на безнадежноста.
Зашто секоја возраст има своја радост
и своја болка,
и треба да ги оставиме да струјат меѓу нас.

 

Ти посакувам, повремено да испитуваш и тага.
Не преку целата година, дури ни еден ден.
Тогаш ќе откриеш,
дека секојдневната насмевка е убава,
дека вообичаената намевка е блуткава,
а постојаната насмевка развратува.

Ти посакувам да откриеш максимално брзо,
наспроти и над сè,
дека те заобиколуваат блиските, понекогаш потиснати,
кои општат со несправедливоста
и со луѓето несреќни.

Ти посакувам да милуваш куче, да храниш птица,
и да ја слушаш песната на славејот,
да го извишуваш своето утринско пеење,
зашто така ќе ја почувстуваш среќата
повеќе од секого.

Ти посакувам да посееш семе –
можеби најмалечкото
и да му правиш друштво, додека расте,
за да откриеш колку животи се потребни,
за да се претвори во дрво.

Ти посакувам исто, да имаш пари,
зашто треба да си практичен,
и барем еднаш во годината
да ги наредиш парите пред себе и да кажеш:
„Ова е мое“,
за да стане јасно
кој на кого е господар.

 

Ти посакувам, никоја од твоите радости да не згаснува,
и ако со некоја се случи тоа,
да можеш да плачеш, без да жалиш,
и да страдаш, без да се чувствуваш виновен.

На крај, ако си маж – да имаш добра жена,
и ако си жена – да имаш добар маж –
за утре, и следниот ден,
и кога сте вљубени и насмеани,
одново и одново да зборувате за љубов.

Ако овие работи ти се случат –

немам што друго да ти посакам.