На 06 јануари 2014 Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, благоволи и благослови, во организација на “Центарот за Православна Христијанска веронаука – Св. Јован Богослов” и Х.О. “Утешител” да организираат Бадникова Литија низ Битолските улици и посета на Преспанско-пелагониската Митрополија. Многубројната група на дечиња, учесници на Литијата, беше татковски пречекана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Г. Петар, кој ги поучи со пригодно слово и ги награди со коледарски пакетчиња. Децата, се ученици од сите Државни Основни Училишта во Битола и ученици во “Центарот за Православна Христијанска вронаука – Св. Јован Богослов”.
[nggallery id=48]