„Доброто бара оправдување на доброто“ – во спомен на Елизавета Глинка

Доктор Лиза ја сакаа сите. И имаше за што: во текот на многу години, таа практично секојдневно укажуваше палијативна медицинска помош, хранеше бездомници, ги облекуваше, им даваше прибежиште. Под истрели извезуваше болни и ранети од Донбас, за да можат да се лекуваат во најдобрите болници од Москва и Санкт-Петербург. Организираше дом за деца со ампутирани екстремитети, каде што ќе може да се рехабилитираат после болница. Таа, заедно со другите членови на Итната медицинска помош патуваше по опасните зони во сите краеви на земјата, трудејќи се да ги ислуша сите, кои имале потреба, да им помогне на сите. Таа, буквално изнудуваше од раководителите на регионите пари за помош за болниците, домовите, интернатите. Да се спасува животот на другите – беше нејзината мисија насекаде: во Русија, Донбас, Сирија…

/Михаил Федотов, претседател на Итната Помош/

 

elizaveta-glinka

„Ние, заштитниците на човековите права сме надвор од политиката. Исто и луѓето, кои ги штитиме. Ние сме на страната на мирот, дијалогот и соработката со сите луѓе. Никогаш не сме сигурни, дали ќе се вратиме назад живи. Затоа што, војната – е пекол на земјата. И знам за што зборувам. Но сигурни сме, дека доброто, сострадувањето и милосрдието се посилни од било кое оружје“.(последните зборови и последната фотографија на Елизавета Глинко)

 

„Еднаш, на раце, болен од рак ми убираше свештеник – човек, кој и сам утешувал други сиот свој живот. Го прашав: кој е најголем грев?

А тој одговори: „Најголем грев – да се навреди слабиот“.

– Зошто?

„Затоа што тоа е најлесно…“ Таа мисла ме порази – најтешкиот грев е најлесно да се направи… Пренесете им ги тие зборови на децата“.

– Кога неодамна ме обвинија, дека им помагам на децата на сепаратистите, јас бев потресена до длабочината на душата. Тие ги делат децата на сепаратисти и несепаратисти!

Зошто се случува војната? Тоа прашање си го поставувам секогаш, кога доаѓам во Донецк и Луганск. Но, ако почнам да размислувам за тоа, нема да ми останат сили да ги спасувам децата. Мојата задача е – молчејќи да помагам. Но, во војната сфаќаш колку е кршлив светот. Јас веќе одамна не правам планови за иднината. Живеам од ден за ден. Зимата извезував од Донецк едно дете Вања Воронов – нему му остана само левата рака. И со таа лева рака тој се крстеше. Момчето не ги изгуби само нозете и десната рака, тој и ослепе. И ме замоли да го предупредиме, кога ќе полета авионот, да му кажеме да се прекрсти. Тоа беше мојата најтешка евакуација. Јас не очекував да видам дете во толку тешка состојба. На први септември, Вања почна на училиште во Москва. Отиде сам, на протези. Тој и мајка му останаа во Русија.

За сите овие 8 години не примив ниту една награда. Мене ми е многу важна мојата самостојност. Пари ни префрлаат од сите страни: Од Калининград до Владивосток. Многу често, тоа се по 200-300 рубљи, но кога такви донации се со десетици илјади, се добиваат сериозни суми. Помагаат и крупни добротвори, но замолуваат да не ги спомнуваме.

– Некогаш, човек успева да се апстрахира, некогаш – не. Но, земање дел од судбината на секој болен, секако постои. Инаку, не би доаѓаа тука со потоци. Знаете, мене за девет месеци ми умреа мајка ми и татко ми, а рано почина и брат ми. И јас знам, што значи – да се изгуби. Кога ги гледам луѓето, кои поминале низ тоа, сфаќам колку им е тешко и колку им е потребна поддршка. И знаете, Бог е насекаде, Тој нè гледа. Неслучајно Тој ми даде толку тешки искушенија. Можеби, не бев доволно внимателна кон болните. Можеби, нешто не сум направила како што треба во животот. Кога умираа мајка ми и татко ми, јас бев сосема сама, околу мене немаше никој. Секако, во случајот со мајка ми, покрај мене беше чудесниот персонал на болницата, кој ми помагаше да се грижам, но јас немав пари, ниту било каква поддршка. А татко ми, едноставно го најдов мртов во бањата. Пред очи ми поминаа сите варијанти на смртта: долгата, мачна смрт на мајка ми, и моменталната, ненадејна смрт на татко ми. Кога отворив во Киев болница за деца пред умирање, се судрив со детската смрт. И во Америка се судрував со смрт на деца. Како да се однесуваме кон тоа? Знам само едно: во животот – сè е за нешто.

„Деновиве ми рекоа: – Сите се шокирани, што му се заблагодаривте на Володин за помошта да се евакуираат децата од Донецк“. На тоа ќе одговорам вака: „Јас сум спремна на раце да го носам оној, кој ќе ми помогне да спасам барем едно дете“. Никоја војна не е вредна колку еден живот! Разбирате?

Јас никогаш не сум била таква, да се лутам, да се дујам, да збирам зло на некого. Ако не ми се допаѓа човекот – едноставно се оддалечувам.

Но, да им се заблагодарам на сите што ми помагаат – мислам дека морам“.

Елизавета Глинка (претседател на Меѓународната хуманитарна организација „Справедлива помош“)

Светол спомен… +

untitled-1