Кога пребиваш во молитва, во земниот живот сè се случува така, како што треба, и ништо лошо нема да се случи. На пример, ако миеш чинии – нема да скршиш ниту една, нема да нанесеш штета… Тогаш престануваш да се плашиш. Во тебе влегува благодатта Божја. А кога ќе дојде благодатта, сè се прави со радост, без труд.
Кога ќе се молиме цело време, нема да има потреба да ги пресметуваме ситуациите и да градиме односи, Бог Сам ќе нè просвети што да правиме секогаш, дури и во најтешките ситуации. Преку вас ќе дејствува и ќе зборува Бог, Кој и ќе биде во вас. Бог ќе најде начин да ја промени ситуацијата…
Преподобен Порфириј Кавсокаливит