Свети Јован Богослов пишува Светиот Предвесник вака: Имаше човек испратен од Бог, чие име беше Јован. Тој дојде да ја сведочи Светлината, за сите луѓе преку него да поверуваат. Тој не беше Светлината, но беше испратен да сведочи за таа Светлина (Јн. 1, 6 – 8). Беше проследен од многу сведоци, кои сведочеа за Христа преку нивните зборови и дела, од кои многумина ги дадоа и своите животи за Христос (зборот “мартир” преведено од грчки значи “сведок”).
Ние сите сме повикани да бидеме сведоци на Светлината. Затоа сме христијани. Да се нарекуваш Христијанин, но да не сведочиш за Христос е бесцелно трошење на време, бидеќи Црквата не беше основана со цел за забава, или да зачува некои етички култури, или за било каква секуларна цел. Беше основана да го научи секој од нас на одреден начин на живот, живот во Христос, да нè научи сите нас и да нè води во живеење на тој живот. Сè што е помалку од тоа, е чиста празнина, без духовна содржина или значење. Затоа, возљубени мои деца во Христос, имајте на ум што значи вистински да се биде Христијанин, следбеник Христов. Учете од Светите Писма и од други духовни дела, што Христос побара од вас кога ве донесе во Неговата Црква, што бара од вас сега, и што бара Неговиот начин на живот. Тогаш, неуморно следете го тоа упатсво за вечна радост со Него.
Презервитер Џејмс Торнтон
Превод: Дамјан Божиновски