Што се однесува на пубертетското време, Свети Јован Златоуст, рекол дека, какви ќе бидат децата после тој период-добри или лоши, не знае никој од луѓето, туку единствено Бог. Тоа е најтешкиот период во човечкиот живот.
Како треба да се однесуваат родителите кон своите деца? Не ги раздразнувајте своите деца (Еф. 6, 4) и сакај те ги. Всушност, сите лоши или добри особини, се раѓаат во душата на детето на основ однесувањето на родителите. Ако самите се занимаваме со гимнастика секое утро, и детето со неа ќе се занимава; ако не интересира математика, тоа интересирање ќе го пренесеме и на детето. Каков свештеник, таква парохија. Ако имате силна желба да му помогнете на своето дете да научи добро, ќе ви се затворат Ушите и очите за сè и во вас ќе остане само љубовта кон него, а ако имате љубов, веќе ќе можете да советувате. Најнапред, загледајте се во себе, и дури тогаш кога ќе почувствувате дека во вас нема раздразливост, гнев, чувство на супериорност, може да му упатите некој збор, концизен и јасен, а сè друго, мили мои, препуштете му на Бога. Он и Неговата Пречиста Мајка многу ги љубат вашите деца, при што за сè ќе се погрижат! Што се случува со детето во пубертет? штом зачекорува во тој период, во него се јавува потреба за самопотврдување и истакнување на својата личност. На кого тоа се експериментира? Најчесто, на најблиските-на мајката и на таткото. Родителите зборуваат едно, а тоа прави спротивно. Тие се трудат да го упатат да направи нешто што е добро и полезно, а тоа не прифаќа. не се моли, одбива да пости, не оди в црква… Како да реагираме на таквото однесување? Да не го земаме тоа при срце, со трпение и љубов да ги покриваме неговите гревови, на дрскоста и грубоста да одговараме со љубов и нежност. Покрај сите други маки, се јавуваат и разноразни познанства и пријателства. Тука, морате да се потрудите да ја држите работата под контрола. На детето, треба јасно да му се стави до знаење дека треба да ги избегнува штетните познанства, па дури ако е потребно и да му се забранат. Од неодамна, на мои пријатели, им се случи, еден ден, нивната ќерка од дваесет и две години да дојде дома и да им рече дека сака да стапи во “пробен брак”, т.е. да доведе момче кај себе и невенчано да живее со него. Таткото, најнапред се трудеше да ја вразуми, но, бидејќи не го постигна саканиот ефект, и рече:”Мила моја, ајде, собери си ги работите и оди кај него. Живеј кај него колку сакаш и пробај што ќе ти падне на ум. оди од домот-живеј малку кај момчето, потоа кај некој друг, но, кај мене, повеќе немој да се враќаш!“ Девојката се уплашила дека ќе остане без татко и го послушала. Така и ние треба да постапуваме. Треба да му се каже на детето:”Ако сакаш да се жениш, повели, донеси жена, а ако не сакаш, немам право да ти давам сокривалиште за гревови“. Ако пак бидете доведени пред свршен чин, Господ нека ви даде мудрост. Децата можат сè да направат и без наш благослов, затоа треба постојано да им зборуваме, да се пазат. Но, тоа треба да го правиме мудро. Наместо да му забрануваме на детето да гледа телевизија и да чита списанија, подобро да ја расипиме антената и да ја исфрлиме од куќата литературата која не е за деца. Но, слободата, мораме да им ја оставиме. Не треба да им префаќаме по работите, по xебовите, не треба со своите постапки да го понижуваме неговото достоинство, какона човек и кона Божја. И покрај сè, треба да продолжиме да си го сакаме детето, па дури и повеќе отколку тогаш кога било мало и послушно, зашто секој може да го сака добриот, но да се сака оној кој постапува лошо, не е лесно. Да, навистина, тоа е многу одговорен момент: тешко е да се сака оној кој се оддалечил од доброто, и детето треба да почувствува дека сета строгост на таткото и мајката произлегуваат исклучиво од љубовта кон него. затоа и се строги, бидејќи го сакаат.
Една од болестите на современите деца е музиката. Но, сепак, наклонетоста кон лошата музика не ги преоѓа рамките на нормалното, што бара помош од психолог, не треба да се стравува. Тоа ќе помине. ќе проба, Па ќе се засити, зашто доброто, секогаш извојува победа. Ако тоа сеуште се случува, наоружјте се со големо трпение и тајни молитви. За утеха на родителите, можам да ја наведам поговорката:”Кој не се излудил во младоста, во староста ќе спобудали“. Уште еднаш ќе ви речам дека сè е во вашето трпение. Не ви се допаѓа тоа што ќерката ви се нашминкала и напудрила, но не е решение да и ја одземете шминката. Подобро клекнете и молете се за нејзино вразумување, но тајно, таа да не ве види. Иако мислам дека козметиката и не така страшна работа. Ако вашето девојче во детството не ја видело својата мајка нашминкана, веројатно и во неа не би се појавила желбата за шминкање.
Уште еден камен за сопнување во односот татко и син се клубовите. Децата сакаат компјутерски игри. дали е тоа добро или лошо? Да се игра на комјутер не е грев, но грев е кога тие игри се лоши, како што се сатанските игри. Ако детето игра такви игри, треба да му се заканите:” Или ќе престанеш да ги играш или ќе ти забранам да го користиш комјутерот“. Мислам дека ниту едно дете нема да го одбере ова второто.
Што е тоа клуб? Заедница – неколкумина играат игри на комјутер, обично во ноќни часови. Тука нема ншто лошо. Но, таму треба таткото да оди заедно со детето. Возрасните честопати говорат:”Јас немам време за тоа“. Ноќе, сите имаат време. Ви се спие? Но, родивте дете, го воспитувате, тогаш потрудете се секогаш да бидете со него. Потрудете се да влезете во неговиот свет, набљудувајте го, како реагира…Тоа е интересно. Детето ќе почувствува дека е сакано и дека од љубов сте пошле со него. Што има лошо во тоа? Според мое мислење, тоа е света должност на секој татко. Ако не го сметате детето за самостојно, должни сте да бидете со него и доцна во ноќта, треба да живеете како тоа што живее и да се занимавате со она со кое тоа се занимава. Клубовите, не се страшни, туку нашата рамнодушност спрема децата. Добро е ако сте со нив, а лошо е ако се без вас. Бидете со нив и во рајот и во пеколот. Двеесет посто деца во пубертетот се жали на една едноставна работа:”Родителите не не разбираат“.
Мајки и татковци, бидете со своите деца, учествувајте во нивните проблеми, за да ја видат вашата грижа и внимание. А на другарите, кои им се подсмеваат, ним можат да им речат:”Јас, го сакам својот татко и затоа тој е со мене”. Тоа нема да му биде тешко, зашто скоро сите деца ги сакаат своите родители. Кога работев во специјалното одделение за деца со изразена ментална заостанатоаст, чии што родители беа воглавно проблематични луѓе кои крадеа пари од децата и ги тепаа, видов дека децата ги сакаа дури и таквите родители, а како пак да не не сакаат нас! Треба само во домот да се негува атмосферата на мир, почесто да се наслушнуваат своите деца, да се градат меѓусебни односи поврзани со љубов. Децата не се тие кои треба да ги градат тие односи, туку ние.
Светите Отци говореле дека дарот на слободата е поважен дури од дарот на љубовта. Затоа, ако во нашиот однос со детето нема слобода, сето друго ќе падне во вода. Слободата е најголем дар. ако детето, нешто ве запраша, треба да се проникне во неговиот проблем, да се објасни што е таму добро, а што не е, и за сето тоа да се просуди заедно. Христијанскиот дух, кои го негуваме во себе со помош на молитвата и духовникот, ќе ни помогнат за точно да го решиме сложениот проблем. Не е доволно само да се проучи теоријата на педагогија и да се применува на сопственото дете. Колку и да е непослушно и лошо вашето дете, должни сте, да го сакате и во него да го негувате чувството на слобода. Нашите деца треба да станат не само добри и чесни, туку и духовни луѓе.
Протојереј Алексије Умински, Протојереј Артемије Владимиров, Свеšтеник Георгије Романјенко, Свеšтеник Александар Илјаšенко
превод Весна Апостоловски