На 07.12.2016 г., празнувајќи го споменот на светиот великомаченик Меркуриј, светата великомаченичка Екатерија и светата девица Мастридија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на Св. Меркуриј во с. Барешани, Битолско.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Ако сонцето постојано свети, и во полето се ќе се исуши, затоа потребен е дожд. Ако постојано врни, се ќе раскапи, затоа е потребен ветер, да го раздува. А ако ветрот не е доволен, потребна е и бура, за се да се расчисти. На човекот, сето тоа му е потребно цело време, затоа што е променлив.
Преподобен Амвросиј Оптински