На 03.12.2016, во предвечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Вечерна со Петтолебие во храмот Пресвета Богородица, во Битола.
Тропар, глас 4.
Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!