Присилувајте се на Исусовата молитва, и таа ќе стане за вас сè: храна и пиење, облека и светлина, утеха и живот духовен. Сè ќе добие оној кој ја има молитвата. Без неа, ништо нема да ја задоволи душевната празнина. Сакате да го засакате Христа? Засакајте ја молитвата и облечете се во смирение, и тогаш ќе спознаете дека Царството Божјо е внатре во вас.
Не дозволувајте им на лошите мисли да господарат во вас, туку веднаш изгонувајте ги со молитва. О, колку чуда прави таа молитва! Гласно произнесувајте ја молитвата и Ангелот-Чувар ќе ви испрати духовно благоухание! Исус ќе биде храна за душата ваша.
Архимандрит Ефрем Аризонски