На 20.11.2016 г., после Божествената Литургија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го освети новопоставениот 10-метарски Крст во с. Новоселани, Прилепско.
Крстот се подигна, по залагање на благочестивото семејство Глигороски.
Кондак, глас 2
Крстот е чувар на целата Вселена,
Крстот – убавина на Црквата,
Крстот – сила на царевие,
Крстот – утврдување на верните,
Крстот – слава на ангелите и
пораз на демоните.