„Малечко чудо“ – песочна анимација на Ксенија Симонова

Специјално за 17 ноември, на Меѓународниот ден на предвреме родените деца (Ден на недоносените деца) Мајсторот за песочна анимација, Ксенија Симонова направи уште еден песочен филм, со наслов „Малечко чудо“.

„Едно од 10 деца во светот се раѓа предвреме/недоносено, и тоа се 15 милиони деца годишно. Предвременото раѓање – е еден од клучните проблеми за детската смртност. Во периодот на носењето на детето, на родителите најмногу им е потребна информациона и емоционална поддршка. Многу е важно за родителите да знаат, дека не се само во овој свет со проблемот на недоносените деца. Сакам да им подарам малку вера и сила, што сигурно ќе се одрази и на расположението на детето. Токму за тоа беше создаден и овој песочен филм“ – вели Ксенија.

 

Извор: http://www.pravmir.ru