Триесет и прва недела по Педесетница (Недела по Богојавление) – Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 26.01.2025 г., во Триесет и првата недела по Педесетница (Недела по Богојавление), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.