Света великомаченица Недела – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Недела“, во Битола

На 02.02.2025 г., во Триесети и втората недела по Педесетница, кога го празниваме споменот на преподобниот Ефтимиј Велики, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на  протоерејот Пенчо Пусовски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Александар Маргулевски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченица Недела, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.