На 05.03.2025 г., кога го празнуваме споменот на Свети Лав, епископ Катански, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски и ѓаконот Крсте Атанасов, благоволи да отслужи Света Литургија на Претходно осветените Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.