На 20.01.2025 г., кога го празнувавме Соборот на Свети Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Епископот Велички Никола, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев, протоѓаконите Драган Георгиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Ресен.
На Божествената Литургија, Митрополит г. Петар, го ракопроизведе чтецот Сашко Касовски во чин ипоѓакон.
После Божествената Литургијата, според локалната традиција се изврши поделувањето на чесните крстови, кои како благослов се чуваат во текот на годината што доаѓа во домовите на верните, а идната година ги предаваат на други.