На 08.01.2025 г., кога го празнуваме Соборот на Пресвета Богродица, Споменот на бегството во Мисир, Преподобниот Еварест, Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски, Преподобниот Константин Синадски и Преподобниот Никодим Прилепски-Тисмански, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Илчо Смилевски, протоерејот Петко Кесакоски, ерејот Емилијан Зелнички, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Младен Јовчевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.