Обрезание Господово и Свети Василиј Велики – Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 14.01.2025 г., кога го празнувавме Обрезанието по тело на Спасителот наш Господ Исус Христос и споменот на Светиот Василиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофот Никола Грамбозов, протоерејот Игор Ризановски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

После Божествената Литургијата, беше отслужен молебен за благослов на предстојната Нова Година, благодарејќи му на Бога за сите дарови, кои секојдневно ни ги дарува.