На 05.01.2025 г., во Неделата на Светите Отци, (Недела пред Рождество Христово), кога го празнуваме споменот на Свети Наум Охридски, Светите десет маченици на Крит и споменот на Светиот Нифонт Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Гоце Велјановски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на Свети Наум, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.