На 16.03.2025 г., во Втората Недела од Великиот Пост (Недела на Свети Григориј Палама), кога го празнувавме споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Димитар Михајловски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Света Лидија“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.