Недела на Света Марија Египетска – Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик

На 06.04.2025 г., во Петтата Недела од Великиот Пост (Недела на Свети Марија Египетска), кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Партениј, патријарх Цариградски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Благој Стефановски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.