Недела на Страшниот Суд (Месопусна недела) – Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола

На 23.02.2025 г., во третата подготвителна недела пред Великиот пост, Недела на Страшниот Суд или Месопусна недела, кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Харалампиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Атанас Лажовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.