На 09.02.2025 г., во Неделата на митарот и фарисејот, кога го празнуваме преносот на моштите на Свети Јован Златоуст, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоерејот Гоце Велјановски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храмот Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.