Недела на блудниот син – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Битола

На 16.03.2025 г., во Втората подготвителна недела за Великиот пост, Неделата на блудниот син, кога го празнуваме споменот на Светиот Симеон Богопримец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Благој Стефановски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.