На 23.03.2025 г., во Третата Недела од Великиот пост (Крстопоклона Недела), кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.