Источен петок (Балаклија) – Архиерејска Литургија во Варош

На 25.04.2025 г., кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Велички г. Никола, протоереј ставрофорот Никола Грамбозов, архимандритот Никодим, еромонахот Јов и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски,  отслужи Света Божествена Литургија, во манастирот посветен на Свети Архангел Михаил, во Варош.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови тајни.