Благовештение на Пресвета Богородица – Света Архиерејска Божествена Литургија, во Прилеп

На 07.04.2025 г., на празникот Благовештението на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски  и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Илчо Смилески, протоерејот Ристо Кочанков, ерејот Емилијан Зелнички, протоѓаконот  Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Младен Јовчевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.