На 06.05.2024 г., на Вториот ден од Светлата седмица, кога го празнуваме и споменот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослушение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев, протоѓаконите Драган Ѓоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар. протоерејот Сотир Гочевски, го удостои со право на носење на граден крст.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.