Втор ден Духовден – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Троица“, во Битола

На 24.06.2024 г., на Втор ден Духовден, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Троица“, (Руска Црква) во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.