На 27.09.2024 г., кога го празнуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во ссослужение на протоереите Влатко Ристески, Илчо Смилески, Златко Ангелевски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар. протоереите Влатко Ристески и Илчо Смилески, ги удостои со право на носење на граден крст.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.