На 22.09.2024 г., во Тринаесеттата недела по Педесетница (Недела пред Крстовден), кога го празнуваме споменот на Светите Јоаким и Ана, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослушение на протоереите Дејан Секулоски, Веле Спиркоски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.