На 07.05.2024 г., на Третиот ден од Светлата седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Љупче Петрески, Дејан Секуловски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.