На 12.02.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светите Три Светители (Свети Јован Златоуст, Свети Василиј Велики и Свети Григориј Богослов), Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослушение на Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Велички г. Никола, протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов, протоереите Влатко Ристески, Илчо Смилески, Петко Кесакоски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.