На 24.02.2024 година, во чест на празникот на Свети Симеон Мироточив, беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј, Неговото Преосвештенство Епископот, Рашко Призренски г. Tеодосиј, Неговото Преосвештенство, Епископот Милешевски г. Атанасиј, Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско Илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство Епископот Буеносајрески и јужноанерички г. Кирил, Неговото Преосвештенство Епископот Захумско-Херцеговачки г. Димитриј, Неговото Преосвештенство Епископот Будимљанско-никшички г. Методиј, како и многубројно свештенство од сите краеви на Црна Гора.